Chanel №5

Во чест на стогодишнината на Chanel №5, издадена е ограничена колекција на Chanel Factory 5, која вклучува седумнаесет лимитирани изданија во необично пакување. Тие ја симболизираат слободата, смелоста и францускиот дух, карактеристични за куќата Chanel уште од нејзиното основање.

Низ целиот век, №5 постојано се менува, па дури и во 2021 година, тој не престанува да зачудува. За да го прослави векот на култниот мирис, брендот Chanel лансираше колекција со ограничено издание, за сите љубители на култниот мирис. По овој повод ќе бидат отворени специјални времени продавници во 29-те најголеми градови во светот. Исто така, ќе биде лансирана дигитална платформа за атмосферата на Chanel Factory 5.

Chanel №5

Chanel Factory 5 и оддава почит на Gabrielle Chanel во ослободувањето на тогашните правила и на нивното менување. Како дел од концептот вратен е оригиналниот дизајн на №5, како обичен функционален предмет.

„Производите што ги користиме редовно можат да бидат исто толку вредни како оние за посебни прилики. Сè е во искуството “, вели Thomas du Pre de Saint-Maur, шеф на глобалните креативни ресурси. „Младоста е начин на размислување, храброст да се отстапи од правилата, да се има слобода, да се биде свој и покрај конвенциите, да се живее слободно, но не и несериозно“, вели тој.

Chanel №5

Лансирањето на првиот парфем Chanel №5 во 1921 година било проследено со слоганот  „женски парфем што мириса на жена“. Револуционерен по својот состав, создаден е во партнерството на Gabrielle Chanel  со тогаш славниот парфимер, Ernesto Beaux.

Chanel №5

По повод одбележувањето на стогодишнината на парфемот, модната куќа содаде претходно и видео запис во вид на мемориска лента за вековното постоење на иконскиот парфем./М.М. https://www.chanel.com/rs/about-chanel/the-stories/

Chanel №5

You may also like

Comments are closed.