Lambada Sands е најновата летна слика на Christopher Esber со која ја проширува својата јубилејна понуда наменета за одморите. https://christopheresber.com.au/
Инспирирана од долгата одвоеност од природата и настојувањето сето од пандемијата што поскоро да се заборави, модната куќа ја престави својата најнова летна слика наречена Lambada Sands.
Christopher Esber, својта колекција постојано ја надополнува: пред два месеца со лелеави свилени фустани, пред тоа со дезени инспирирани од вуду, минатиот месец пак со посебен дел наречен Crystal Quartz, како манифестирана желбата за засилување на вашата енергија во универзумот.
Esber си дозволува вакви, неочекувани, но сложени композиции, поради одличното познавање на кроењето и затоа користи сложени техники – за да им дозволи на некои парчиња да бидат фиксирани каде што тој тоа го сака.
Тоа се однесува на комплетите и фустаните како и на костумите за капење по кои брендост е и најмногу познат, а и финансиски успешен.
Бројните надополнувња не се случајност – Christopher Esber годинава одбележува 10-годишнината од постоењето на својот бренд./M.M.