AngieM

Топлите денови се пред нас — да одиме на одмор и релаксација низ сите тропски места низ целиот свет облечени во новите костими за капење од новата SS21 колекција.

Angie M.

Посакајте му добредојде на новото тропско лето и новата Tropic – Jungle SS21 колекција. Експлозија на бои, микс на флора и фауна кои пленат со својата егзотична енергија. Песок, шуми, градини, острови, мориња и океани…сето ова е искористено како одлично избалансирана инспирација за новата колекција, со цел максимално да уживате во врелата летна сезона, но и во самите модели.

Angie M

Angie M.

Жените сакаат да се чувствуваат женствено и заводливо, уживајќи под летните зраци на сонцето облечени во боите на тропските предели, колоритно, впечатливо, а пред сè комфорно. Во оваа SS21 колекција преовладува тропскиот момент, во кој, исто така, се испреплетува леопард принт, како и принтот кој асоцира на флората од овие предели. Дводелни костими и едноделни костими за капење, изработени да го изцртуваат женското тело, со интересни врвки кои додаваат посебна уникатност во изгледот, но и летни фустани кои го заокружуваат целосниот летен изглед за дневни и вечерни уживања покрај обала. А за оние кои ги следат светските трендови, подтотвивме и плетени костими за капење во кои ќе изгледате ултра модерно.

Angie M.

Голема благодарност до дизајнерот Занов за неговата професионалсност и посветеност, како и голема благодарност до целиот тим од Грција за вложениот труд за реализација на новата ПРОЛЕТ/ЛЕТО-21 колекција: фотограф – Mirella Sfakianaki, шминка и фризура – Gianna Gialantsidi, познатиот модел, Мис Грција  – Erika Kolani и моделот Ангела Младеноска и модната агенција- Models In Management.

Локацијата каде беше фотографирана новата колекција се реализира во местото Глифада, Грција.

Angie M.

За целосната организација и дизајн на колекцијата се погрижи Ангела Младеноска, основач на Angie M. Специјална благодарност до Вања Младеноска (коосновач на Angie M.).

Новата колекција сега е достапна на е-шопот https://angie-m.com/, како и на социјалните мрежи Instagram @by_angiem  и Facebook https://www.facebook.com/AngieMdesign

Angie M.

Angie M.

Angie M.

Angie M.

Angie M.

Angie M.

Angie M.


МодаМода овие текстови ги објавува во оригинална форма и не е одговорна за нејзината содржина.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.