Ritz-Carlton

Стоте вили, со две или три спални соби, што се распоредени крај брегот, или над водата, се новиот хотел Ritz-Carlton Maldives Fari, отворен деновиве, како дел од сеопфатен мулти-функционален туристички комплекс, во кој се присутни повеќе светски хотелски ланци, а се очекува да биде завршен во 2023 година.

Ritz-Carlton

Дизајнот на хотелот го потпишува Keri Hil, архитект од Австралија, инспирирана од  формите на лагуните и цикличната природа на животот на островот. Сите вили имаат сончеви палуби и посебни бесконечни базени.

Ritz-Carlton

Гостите за јадење можат да одберат некое од седумте места што им се на располагање, со специјалитети од локалната, како и од интернационалната кујна. Постојат уште два специјализирани пеостора зa храна, сместени крај Фари Марина, на осум минути возење со традиционално рибарско бротче, каде што се подготвува  либанска и северноиндиска храна, како и камион за храна Тум Тум, кој содржи мени на азиски специјалитети.

Ritz-Carlton

Другите удобности на островот  вклучуваат  спа центар, часови фитнес и детска програма, која опфаќа 30 различни активности за тинејџери, како и помали деца./M.M.

You may also like

Comments are closed.