Машката летна понуда за на одмор, што Thom Browne ја предлага за идното лето е истата што тој ја иницира за оваа есен. „Сакам да направам весела, разиграна колекција, вели тој. Смалените костуми и јакни, со тркалезни раменици, предложени со цел за да донесат ново расположение есенва, за летната понуда за на одмор во 2022 година се надополнети со морнарски капачиња и пончо, различни маички здолништа и големи дезенирани машни.
Каприциозно конструираните парчиња се потписот на Browne. Под тие се подведуваат неочекуваните откачени мини здолништа, или, слоевитите кожни панталони. Тука е и „кошулата до стомак“, што сигурно ќе ги испровоцира оние со строги ставови за родовото облекување.
„Во последните 20 години, колекциите еволуираа, но тие не се променија“, вели Browne. Таа мешавина на класицизам и неочекувани „изненадувања„ најдобро зборуваат за естетиката и ставовите на Browne./М.М.