Сестрите Kim, Khloé и Kourtney Kardashian од 24 јуни ќе ја продаваат својата облека и модни додатоци.
На тој датум имено почнува продажбата насловена како Kardashian Kloset операција.
Kardashian Kloset е веќе на социјалните мрежи на кои можат да се видат неброени дизајнерски парчиња облека за сите сезони.
Сестрите Kardashian планираат својата прва продажна локација да ја отворат во Лос Анџелес, а во понудата ќе има неверојатен број парчиња од гардеробата на сестрите, семејството, вклучувајќи и детската облека.
Нивните деца се секогаш модерно облечени во дизајнерски парчиња, како Louis Vuitton и Hermes ранци, Air Jordans патики од специјално издание и други. Во понудата ќе бидат маички од десетина долари, до ташни, со цени и до 100 илјади долари.
Kardashians сестрите се очекува со новиот проект да привлечат ново внимание на јавноста, а и доволно купувачи за сето она што повеќе не го носат./M.M.