Dell’Acqua

Претставувајќи ја својата есенска колекција Alessandro Dell’Acqua истакнува дека креативно е веќе во време на пост-пандемија, дека несака повеќе дистанци и кежуал облека за по дома.

Пред неговото ново видео да се појави на интернет, објасни и дека иако сè уште не сме надвор од пандемијата, „неговите антени се веќе подесени со поинаков ритам “. За есен, тој е повторно во својата опсесија на извртени италијански буржоаски кодови на преставување на гордата сензуалност низ огромен број суптилни, но ултрабогати дезени.

Dell’Acqua

Dell’Acqua посочува и дека е дојдено времето за рехабилитација на физичките активности, по сето присилно дистанцирање и животите што живееја скоро само дигитално“, рече тој. Ново будење на сетилата е она за што тој се надева – допирање, прегрнување, водење љубов. Затоа и добар дел од колекцијата се кратки црни фустани или комплети, прозирни и со многу тантела. Беше предложена и нежна нијанса на бадемово зелена за попладневни комплети. За Dell’Acqua постпандемискиот хоризонт ќе биде исполнет со страст за повторно сензуално облекување. Моделите за мажите се помалку провокативни, но подеднакво привлечни, со проѕирна тантела, отпечатоци од леопард и сензуални детали што ја отсликуваат и колекцијата за жените. „Истакнувајќи ја сензуалноста, дизајнерот посочува дека со оваа колекција, сакал да посочи на неа и да им ја даде и на мажите и на жените за нивно слободно изразување./М.М.

Dell’Acqua

Dell’Acqua

Dell’Acqua

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.