Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи сити. Употребени се млеко, чиа семе, мед, лешници и капинки. Ги измешавме сите состојки и оставивме 30 минути да поминат пред појадокот.
Чиа пудингот има специфична кремаста структура и е богат извор и на протеини, растителни влакна и омега 3 масни киселини.
Се надеваме дека ќе биде и ваша омилена утринска комбинација!
Потребни состојки:
- 200 мл ладно млеко (оризово, соја, кокосово, бадемово, кравјо)
- четири лажици чиа семе
- лажица мед
- 10 лешници
- 10 капинки