Неон наочари, торби, кондури, или наметки – тоа се главните адути на светските трендерки, а начинот на кој се комбинираат зависи од личниот стил.
Ова за личниот стил, особено се однесува на Irina Shayk. Таа неделава го осветли Њујорк, облечена во смела неон зелена јакна, на украинскиот бренд Gasanova, и мал црн фустан, како и црни чизми на Tamara Mellon.
За Rihanna актуелниот неон моден детал се Gucci неон наочарите, овој пат, добро вклопени во црниот лежерен стајлинг, за вечерно излегување на Beverli Hills.
Трендерките цела недела објавуваат дека со потоплото време е и време на најжешкиот тренд: за сите оние светли неонски зелени, розови и портокалови бои на модните додатоци. Така, на пример, без оглед на тоа какви фармерки и маица, или, комплет е во прашање, неонските потпетици ќе го донесат саканиот драмски тренд./M.M.