Секоја сезона Vaccarello во архивата YSL пронаоѓа простори на мистерија што го инспирираат во изборот на нова, магична локација за промоција, за снимање на модните филмови, од нови, таинствени колекции.
За колекцијата есен-зима 21, модниот филм насловен како Where the silver wind blows, е снимен во строгите предели на мрачниот Исланд и носи остар и строг глам за претстојната зимска сезона.
Пејсажот и острата суровост на колекцијата ја откриваат и инспирацијата на Vaccarello за оваа едиција на Saint Laurent, а тоа е длабоко назад – кон гламурозните париски забави од 60-тите години, на кои присуствувал и самиот Mousier Saint Laurent, со неговите пријатели и модели.
Деталите, како крзнени ракави и капи, супер мини здолништа, со темни чорапи и долги чизми, па и преголемиот фантастичен накит, додаваат силен печат на колекцијата, враќајќи се на потеклото на брендот.
Vaccarello, оддавајќи и почит на модната сцена во 60-тите, игра со заслепувачки зелени и сини контрасти, како и со чипкасти чизми над колена, што ги претставува буржоаските кодови на Saint Laurent.
Тоа се облиците на 60-тите со боите на 80-тите години “, објаснува Vaccarello./M.M.