Креативната директорка на Alexander McQueen, Sarah Burton, за сезоната пролет/лето 2021, создаде торба со нов облик, што наликува на чанта создадена пред повеќе децении од страна на Lee Alexander McQueen, основачот на брендот.
Стилот на новата торба е и модерен, но и безвременски – така што се смета дека „Curve bag„ ќе биде вистински кандидат за „It-bag“. За првпат е видена на моделите на презентацијата на McQueen за колекциите за оваа година, изработена е од високо-квалитетна кожа, со магнетно затворање и втиснато лого.
За да им ја претстави својата нова „Curve bag“ на генерација млади обожаватели на McQueen, брендот ги покани повеќе ѕвезди во подем да се фотографираат со новата McQueen „Curve bag„./М.М.
Деталите се на: Alexandermcqueen.com