Новата колекција се одликува со волшебни леќи во форма на пеперутка за жени и авијатички форми за мажи, рефлектирајќи безвременски, спортски шарм. Рамките на Silhouette Accent Rings ви го даваат најдоброто од двата света: рамки без раб, со впечатлив изглед на целосен раб
Со својата убавина и грациозност, пеперутките со години се инспирација на модните дизајнери. Сега, Silhouette ја носи пеперутката на нови височини, со колекција што овозможува да покажете сензибилно чуство за стил.
Оваа сезона, постојано популарната колекција Accent Shades им оддава почит на најекстравагантните суштества во природата. Извонредната џиновска пеперутка морфо на Перу, чии кралски сини крилја се одликуваат со црни рабови, е инспирација зад новите дизајни од австриската премиум марка за очила. Оваа колекција веќе привлече многу признанија во текот на изминатите неколку сезони со својата единствена, привлечност.
Двојниот мост за нос додава спортски тренд во машкиот модел, кој изработен во класична, пригушена палета на бои, вклучувајќи сива, зелена, кафеава и сребрена, заедно со соодветни SPX® + прстени и титаниумски рамки.
Освежително хармоничните нијанси на женската колекција совршено се совпаѓаат и за ладните и за топлите тонови на кожата. Тие се одликуваат со комбинации од лаванда и сребро, месинг, карамел и розе злато и црно и злато.
Оваа сезона, премиум моделите на Silhouette направени во Австрија уште еднаш докажаа дека љубителите на модата ќе уживаат во неверојатните контрасти што ги создаваат овие нови смели рамки, заедно со нивната невидена удобност и леснотија./М.М.