Blumarine

Фустаните се зборови што жените ги користат за да ги изразат и интерпретираат своите „многу јас“. Blumarine на жените им нуди вокабулар во кој главните зборови се романтична сексапилност – или – секси романтизам? Нема разлика: едното го надополнува другото. Цитатов е од претставувањето на модната куќа Blumarine, но има многу пошироко и подлабоко значење: го има во секоја од колекциите, но на посебен, оригинален начин – ги дефинира кодовите на Blumarine.

Креативниот директор на Blumarine, Nicola Brognano, за својата пролетно-летната колекција најде инспирирација од гламурозните 2000-ти, од кои, во согласност со духот на новото време, создаде и секси и романтични парчиња: возбудливо лелеави, слоевити  – свежи и примамливи, кои исто така, ги преработуваат кодовите на Blumarine. https://www.blumarine.com/en/

Blumarine

Nicola Brognano, е именуван за креативен директор на Blumarine кон крајот на 2019 година, како креативно засилување и подмладување – како дел од новата генерација млади креативци од кои се очекува да го преобликуваат пејсажот на италијанската мода. Nicola Brognano тоа го работи мошне успешно, со колекциите на Blumarine.

Извонредната женственост, толку полна со противречности е силно присутна во новата колекција, пролет/лето 2021“, која го ослободува шармот на тајните на летните вечери, кога секоја нијанса интимно се открива. Тоа е патување на една жена во нејзината најдлабока сензуалност, тоа е приказна за убавата жена – дива и заводлива, но и исполнета со полет, со младост.

 

 

 

 

 

 

Присуството на ретро елементите на кои им е даден нов сјај е видлив особено во продолжените панталони со шлиц, проѕирните макси тесни здолништа, како и на појасот со логото на Blumarine што го носат сите модели.

Женственоста не е формула – тоа е хармонија на контраст, која постојано се развива, приказна за помирени спротивности. Како роза што расте во дивината, Blumarine креира и создава од оваа претпоставка.

Првично, семето беше засадено од мајка и ќерка, и негувани од нивниот постојан дијалог. Таа комплементарност и контраст на спротивните личности останува: сегашноста ја ажурира традицијата, но корените се тука.

Blufin S.p.A. е италијанска модна куќа основана од Anna Molinari и нејзиниот сега покоен сопруг Gianpaolo Tarabini. Основниот бренд е Blumarine, која тие ја започнаа во 1977 година, по која ги создадоа и Miss Blumarine, Blugirl and Anna Molinari, кои потоа се репозиционира како нивен луксузен бренд. Седиштето и студиото се во Капри, а моделите на Blumarine,се продаваат во уште 55 продавници како и преку интернет./М.М.

Blumarine

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.