Лејди Гага стана заштитно лице на реномиран бренд за шампањ, чиј дел ќе биде уникатно креирано шише во ограничено издание со скулптура дизајнирана од самата дива. Потфат ќе ја поддржи и нејзината фондација „Born This Way“, која преку своите посебни иницијативи го промовира менталното здравје кај младите.
Најавувајќи го партнерството на Инстаграм, Гага објави видео и промотивна слика на која држи темно виолетово двојно шише Magnum 2006 Brut Rose, во необична облека. Нејзиниот изглед за оваа кампања е дело на шминкерката Sarа Tano, која создаде еклектичен ефект криејќи ги веѓите и користејќи темна нијанса на кармин.
Коментирајќи ја кампањата, Гага рече: „Нивните традиции се стари со векови, но тие ги надминуваат своите граници и наоѓаат начини целосно да се трансформираат. Навистина сум возбудена што можеме да го прославиме ова заедно“./М.М.