Santoni

Со околу 200 различни модели, со препознатлив, безвременски дизајн, италијанскиот бренд Santoni ги пречекуваа пролетва и летото. Достапни се и на електронската продавница, со препознатливиот стил на  Made in Italy, со традиција и иновации – низ современ пристап кон занаетчиството, создаден и почитуван со децении  https://www.santonishoes.com/eu/essentials/

Од своето основање во 1975 година, визијата на Santoni е да го задржи и збогати културно наследство на италијанското занаетчиство и креативноста. Почитта кон минатото и вниманието кон иднината наоѓаат израз во еколошката определба на  Santoni.

Основните точки на италијанската изработка, како што се врвен квалитет, еснафска, мајсторска изработка и врвни, оригинални  детали, останаа со децении основа на изработката на машките и на женските чевли, мокасини, сандали, токи и други модни додатоци. Овие особености продолжуваат да го карактеризираат Santoni и денес, и во нивната најнова колекција, придонесувајќи кон неговиот водечки статус, меѓу најпосакуваните луксузни брендови во светот./М.М.

Santoni

Santoni

Santoni

Santoni

Santoni

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.