Пандемијата смени многу индустрии, но онаа за убавината стана особено револуционерна, со нова технологија за нега на кожата. „Изминатата година доведе до огромен пораст на губење на сонот слаби навики во исхраната, да не спомнувам недостаток на витамин Д благодарение на седењето дома – сето тоа имаше огромно влијание врз кожата“, велат во лондонската агенција за дизајн „Morrama “.
Агенција за дизајн „Morrama“создаде Future Skincare, нова технологија за нега составена од три производи наменети за домашна нега на лицето. Може да помогне при лесна иритација и акни кои можат да бидат предизвикани од постојан стрес, лишување од сон, недостаток на сончева светлина и носење маска. Иако сè уште се во фаза на прототип, производите како овие наскоро може да станат потпора на режимите за нега на кожата. https://www.morrama.com/future-of-skin-care
Најинвентивната од креациите на Morrama е The Patch, лепенка за лице дизајнирана со уникатен механизам за промена на температурата. Топлинската функција на производот ослободува серум богат со витамини во кожата и истовремено го зголемува протокот на крв за да се промовира оптимално подмладување на површината. Алтернативната функција за разладување може да се користи пред или по термичката обработка за да се намали црвенилото и да се смири иритацијата, обете вообичаени ефекти на носење маска.
Morrama’s The Masque е дизајнирана за борба против иритации, конкретно околу устата и носот. Прилагодлива маска дизајнирана да одговара на која било големина на главата, „Маската“ пренесува топлина и сино светло кое убива бактерии за да се бори против новиот и раширен проблем со честото покривање на овој дел од лицето.
Последниот од трите производи е The Masseur, еден вид електронски гуа-ша или масажер за лице. Антимикробната топка од легура на бакар во производот ослободува смирувачки вибрации кои ја намалуваат напнатоста во мускулите и ја поддржуваат лимфната дренажа./М.М.