Потребни состојки:
- 1.5 јаболка: излупени, исчистени од семки, исечкани на кругови
- 250 гр.шеќер
- 150 гр. ореви, лешници
- 5 јајца
- 5 големи лажици шеќер
- 5 големи лажици брашно
- прашок за пециво
- цимет по желба
- 200 мл. слатка павлака изматена за украсување.
Подготовка:
На плех премачкан со масло се посипува шеќер, се редат јаболката и се додаваат сечкани ореви и лешници. Врз нив повторно се посипува шеќер и цимет, па се ставаат да се печат 20 минути, во рерна загреана на 220Ц.
На изматени јајца и шеќер им се додаваат и брашното и пецивото за пандишпан, се прелеваат испечените јаболка, па се ставаат во рерна да се печат уште 15 минути.
Кога колачот ќе се олади се превртува и се украсува со шлаг.
Наздравје! /Б.Б.