Подготовка: се замесува многу меко тесто од следниве состојки:
- килограм брашно,
- 10 гр. свеж квасец,
- лажица сол,
- лажица маслиново масло и
- 600/700 мл. вода.
Тестото се покрива со памучна крпа и се остава да стаса 12 часа (цела ноќ). Потоа се премесува и се става во пекач или тенџере обложено со хартија за печење, се посипува горниот слој со брашно и од горе нежно се притиска да се разнесе брашното насекаде, па повторно се покрива со памучна крпа и се остава уште два часа да стаса. По второто стасување, со остар нож се засекува горниот дел, се поклопува со капак и се става да се пече 40 минути во загреана рерна на 220Ц.
Со капак се пече 30 минути, потоа без капак уште десетина минути, за да добие убава боја. Штом ќе се извади од рерната, се вади од пекачот и се витка во памучната крпа, па се става на решетка да се излади, за од долната страна да не се наводени. Наздравје! /Б.Б.