VERSACE LA MEDUSA

За брендот Версаче, една од главните инспирации е Медузата. Главата на грчката божица е „виновна„ и за создавање на торбата за пролетва – Versace La Medusa.

Истиот амблем ја краси и вратата на Виа Гесу број 12, првото седиште на Версаче во Милано.

Инаку, прво што паѓа во очи на Versace La Medusa е широкиот асортиман на бои – од нежна лила, преку мека розе до калсично црно. Торбата лесно може да се комбинира со фармерки, кардигани и палта, за лежерен, а сепак впечатлив изглед. Во исто време, класичните варијанти, во црно, со златен амблем на Medusa се порака за луксузен шарм на вечерни излегувања и свечени настани.

Благодарение на модуларната рачка, La Medusa може да се носи во рака или преку рамото. Информациите за Versace La Medusa се достапни на:

https://www.versace.com/eu/en/women/bags/la-medusa-bag/la-medusa-small-handbag-1r14v/DBFI040-DVIT2T_1R14V.html

You may also like

Comments are closed.