Bobe's bakery

Постојат три причини: како прво се здравите масни киселини, поради кои туната се препорачува за здраво срце и здрав мозок – нашите два најважни органа. Потоа, богата е со протеини, а протеините помагаат во градењето и одржувањето на нашиот мускулен систем. Поточно, протеините ги градат нашите ткива, потоа ги одржуваат и ги заменуваат кога е потребно. Туната содржи и висок процент на натриум, кој е исто така неопходен за нашето тело, бидејќи ја регулира течноста, а влијае и на растот и развојот на мускулите и ткивата, исто како и протеините.

Bobe’s bakery

Трите причини се сосема доволни туната да биде дел од редовната исхрана.

Кај нас најчесто се јаде туна од конзерва, и како таква е главната состојка на разни салати, преливи, итн. Предлагам вкусна и здрава салата од туна. Освен туна, потребни се и зелена салата, домат, краставица, пченка и маслинки, маслиново масло и оцет балсамико. Можете да ја јадете како појадок и вечера, но и како ручек. Наздравје!/Б.Б.

 

You may also like

Comments are closed.