Кој можеше да замисли дека еден од најпосакуваните објекти во последните децении ќе се роди на небото, во 1984 година, на лет од Париз до Лондон?
Британската актерка Jane Birkin, седејќи до Jean-Louis Dumas, извршниот директор Hermès (1978-2006), се пожалила дека како млада мајка неможе да најде торба соодветна на нејзините потреби. Роден творец со остро око, тој веднаш скицирал еластичен и простран правоаголен држач со посветен простор за шишиња за бебиња!
Од тогаш до денес создадени се бројни варијанти, од различни видови кожа, со различен квалитет и облик на копчиња. Се менувала и функционалноста. Со додавање на пет надворешни џебови, создадено е чудото на карго Биркин. Мулти-џебна и мулти-практична, оваа мека и лесна торба е инспирирана од воена облека. Генијалниот резултат на работата на кожата во комбинација со платното ја прави многу робусна торба.
Моделите на Биркин ташната се бројни, а вредноста постојано се зголемува. Се нарачуваат, чекаат по неколку месеци, а цените се повеќе илјадници фунти. За многумина токму поради оваа причина Биркин ташната е вносна инвестиција.
Меѓу нив е колекционерката Јулија Коваjова која зборува за нејзината страст кон чантите како едновремено и за вносна инвестиција. Нема поважен додаток од чантата – не само што е ваш главен елемент за стајлинг, туку и секојдневна потреба, вели таа. Хермес ташните, односно нивните стилови ја надминуваат модата. Почнав од ташната на принцезата Кели, во портокалова боја, боја на потпис на брендот. Мислев дека би било соодветно да се започне со иконска боја и стил, именуван по принцезата Грејс од Монако. Дури и сега, овој стил останува мој омилен. Кога ќе најдам ташна во добра состојба и со пристапна цена, веднаш ја купувам. Имам винтиџ Биркин ташни купени пред само неколку години чија вредност веќе е двојно зголемена. /М.М.