Сите сме ја слушнале дека кожата е најголем орган на телото, но мислењата за тоа како да се грижиме за нејзината широка површина се движат од „само се мијам“ до „ги користам сите производи!“ Меѓу двете страни се неколку домашни производи и практики што ќе помогнат кожата да изгледа одлично, природно. Особено доколку е прилично нормална кожа, без проблеми и заболувања, за кои е потребна консултација со лекар
Пилинг за лице
За младата, здрава кожа најчесто е доволна мешавина од сода бикарбона и вода. Овој пилинг за лице е приближно 99 проценти поевтин од сè што ќе најдете во продавница, а нема ниту пластично шише за исфрлање и загадување на околината. Тоа е неверојатен начин да се открие совршена, сјајна кожа. Оставете сода бикарбона да ја заврши работата. Нанесете на лицето со врвовите на прстите, избегнувајте нежна кожа околу очите и масирајте со мали, кружни движења.
Тонер за масна кожа
Ова е опционален чекор, но добар ако имате мрсна кожа. Измешајте еднакви делови на органски јаболков оцет со вода. Нанесете го на лицето со памук или, уште подобро, крпа за повеќекратна употреба. Нема потреба од плакнење – се суши без мирис, но нема да пречи и одмивање со млака вода.
Влажност за кожата
Нерафинираното кокосово масло за масажа на целото тело после туш е одличен начин да се задржи влагата во кожата и да се чувствува меко и мазно. Едноставно нанесете кокосово масло со големина на зрно грашок на кожата со врвовите на прстите и масирајте ја додека целосно не се апсорбира. Кокосовото масло е цврсто на собна температура, но ќе се тече веднаш штом ја погоди вашата топла кожа. За целото тело обично се доволни до две лажици кокосово масло./M.M.