Bobe's bakery
Потребни состојки:
– Од 900 гр. до 1кг. брашно,
– 500 мл. млеко,
– 40 гр. свеж квасец,
– голема лажица мед,
– голема лажица сол,
– лажица маслиново масло,
– две жолчки за премачкување,
– сусам по желба.

Bobe’s bakery

Подготовка:
Во длабок сад се замесува тесто од сите состојки, освен жолчките кои се за премачкување на лепчињата. Тестото треба да е меко, скоро лепливо, се покрива  со памучна крпа и се остава да стаса околу 40 минути. Потоа се вади од садот и се размесува на набрашнета површина. Се формираат топчиња  со големина по ваша желба и се редат во тава обложена со хартија за печење. Повторно се покриваат со памучна крпа и се оставаат уште еден час.
Се премачкуваат со изматените жолчки, по желба се става и сусам и се печат  20 до 25 минути во загреана рерна на 230 Ц, за убаво да заруменат.
Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

You may also like

Comments are closed.