Пролетта е пред нас и скоро сите со нетрпение чекаат да се ослободат од зимската гардероба. Она што ќе го посакате оваа пролет се кежуал парчиња во кои ќе се чуствувате опуштено, пријатно, привлечно.  За создавање привлечен и лежерен пролетен стил, можеби ќе ве интересираат видувањата и предлозите на креаторите.

Впечатливо е навраќањето на 80 и 90-тите, како креативна инспирација со која на писта се појавија, меѓу другото и ѕвонарките. Ги имаше на миланската, париската, па и на модната недела на Копенхаген. Некаде од џинс, некаде со мек разнобоен принт, толку како пред спомнатите децении.

Доволно лесни за да можете да ги носите речиси секој ден, а сепак многу женствени да го претставуваат вашиот совршен адут за сите важни збиднувања. Тоа е сатенските ѕвонарки. Шик и елегантни, како создадени за впечатливи модни комбинации. Еве само неколку од нив:

За изразито елегантен стајлинг, вашиот избор може да биде црн топ со еден ракав во комбинација со црни сатенски панталони. Ако барате многу забележлива облека, која остава силен впечаток, комбинирајте дезенирани ѕвонарки со блуза во една боја. Доколку имате браон кожна јакна, ќе изгледате совршено во кремови  панталони и високи потпетици. Исто така, ќе постигнете фантастичен изглед доколку комбинирате џинс ѕвонарки со памучна кошула. Доколку сте љубител на монохроматски варијанти, не пропуштајте ја можноста да уживате во нив носејќи сатенски ѕвонарки. /M.M.

Елегантен стајлинг

  • Дезенирани ѕвонарки

Џинс ѕвонарки

Монохроматски

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.