Потребни состојки:
– три јајца,
– 250 мл. газирана вода,
– 250 мл. јогурт или млеко,
– 50 мл. масло за јадење,
– 15 големи лажици пченкарно брашно,
– 15 големи лажици интегрално брашно,
– прашок за пециво,
– голема лажица сол,
– 200 гр. сирење,
– 250 гр. спанаќ,
– 50 гр. лупен сончоглед.
Подготовка: Првин се матат јајцата, потоа им се додава газираната вода, јогуртот и маслото. Се додаваат и солта,двата вида брашно и прашокот за пециво. Сите состојки се матат додека не се добие убава смеса. Се додава издробеното сирење, сончогледот и исечканиот спанаќ. Сето повторно се промешува и се става во тавче премачкано со масло и посипано со презла. Одозгора се става и сончогледот, а сето се пече од 20 до 30 минути во рерна загреана на 220 Ц.Наздравје!/Б.Б.