Микробиомот на кожата е новата граница за постигнување на младешки тен
Трендот на убавина наречен Микробиом е техника која има за цел да го зајакне здравјето на кожата со помош на биологијата. Движењето за промоција и примена на микробиомот така е во центарот на вниманието, а нивните сознанија мошне барани низ интернетот. „Микробиомот“ обично се поврзува со цревната микробиота – збир на микроорганизми кои живеат во цревата и имаат бројни функции, од зајакнување на имунитетот до апсорпција и производство на хранливи материи. Сепак, цревата не се единствената структура во телото што има микробиота. Овој сет корисни микроорганизми го имаат и устата и кожата.
Според дерматолозите, кожата има мал екосистем на бактерии кои имаат многу функции, како што е контрола на колонизацијата на потенцијално патогени организми, модулирање на имунолошкиот одговор и помагање во одржување на одбрамбената бариера на кожата. Така, микробиотата на кожата е составен дел од здравјето на кожата, играјќи особено значајна улога во борбата против појавата на состојби како што се атопичен дерматитис, псоријаза или акни.
Од таму и големиот интерес што го добива Движењето на микробиомот низ целиот свет, бидејќи повеќе се дознава како да се грижат за микробиотата на кожата. Грижата за микробиотата на кожата е особено важна сега, бидејќи, заради нашиот модерен начин на живот, овој деликатен екосистем претрпува постојани агресии кои го нарушуваат нејзиниот баланс, што може да резултира и со сува, воспалена кожа, како и размножување на патогени бактерии кои можат да предизвикаат кожни болести “, објаснуваат дерматолозите.
Еден од најдобрите начини за грижа за микробиомот на кожата е да користите козметика формулирана со пробиотици во вашата дневна рутина. Пробиотиците се живи микроорганизми кои, доколку се користат во соодветни количини, способни се да ја одржуваат кожата здрава, да ја зајакнуваат одбранбената бариера на кожата, потоа да ги обноват ткивата, да се борат против дејството на слободните радикали и да го спречат предвременото стареење./М.М.
Neogen Dermalogy Probiotics Double Action Serum
Biossance Squalane + Probiotic Gel Moisturizer
Missha Time Revolution The First Treatment Essence Rx