Доследна на себе си, да биде недоследна кога е во прашање дрес кодот за облекување на јавни настани Леди Гага, односно Stefani Germanotta, на инаугуарацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден се појави во фустан на Schiaparelli Haute Couture, дизајниран од Daniel Roseberry. Богатото, волуменозно црвено свилено здолниште и сината кашмирска јакна беа надополнети со предимензионираниот брош во форма на гулаб, како мировна порака за транзиција на власта. Нејзината шминка и одговараше на облеката, со карминот со ист тон како и со здолништето и косата завиткана во кружна плетенка, испреплетена со лента.
За медиумите нејзиниот избор на ансамбл беше подеднакво голем како и самата пригода. /M.M.