Секоја измината секунда, минута, секој изминат час носи спомен. Броевите постојат за да имаме јасна ориентација како го поминуваме денот, годината. Но, тие се релативни кога некој ни недостасува, кога некој што го негуваме со љубов не е до нас. Посебна е секоја година, па дури и оваа, досега најчудната, посебно чудна. Ние славиме 100 години постоење, а вам ви подаруваме 100 подароци. Да ги видиме броевите на часовникот, малку поинаку, поведро, да го видиме времето како скапоцен подарок.

Во оваа магична зима, во овој магичен момент од годината, тимот на bwatch1920 реши да ви го прикаже времето малку поразлично, со такт на љубов да ве охрабри да подарите време,  преку креацијата на Новогодишната кампања да го Подарите своето Време некому кој ви недостига, некому кој е далеку или пак блиску, но ви сакате да му подарите време.

Емотивноста и емпатијата се оние кои не водат низ добрините на животот, оние кои не туркаат да продолжиме во тешките времиња. Можеби некој член од вашето семејство, близок пријател, вашиот партнер или партнерка, можеби соседите кои ви носат радост со “Добро утро” имаат потреба од широка насмевка и голема среќа. Во период на големи загуби, промена на навиките, тага и страв, Вие ја носите одговорноста за мигот исполнет со радост, Вие подарувате време. Подарокот е она што се памети, а Вие ќе го подарите најскапиот-времето.

Доколку сакате да ни раскажете како го подарувате своето време, како ја експресирате вашата креативност кога подарувате, ние ќе ви се заблагодариме со подарок Вам, ќе ви подариме накит и часовници. Ваше е само да не следите, да нe тагнете на вашето стори или објава која е наменета некому. Кога објавувате, употребето го хаштагот #podarivreme со цел да ве најдеме полесно. 

Изразете се креативно!
Повеќе детали околу кампањата можете да видите на нашиот

инстаграм (https://www.instagram.com/bwatchshop/) или

фејсбук профил (https://www.facebook.com/BWatchShop).

 

Секој миг е посебен, подари го!

Чувајте се,

 

Вашиот bwatch1920

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

You may also like

Comments are closed.