Ако модната ревија одржана во февруари годинава беше почеток на своевидна ренесанса со радикалното редизајнирање на класичните парчиња на YSL, во најновата колекција на Anthony Vaccarello ги вклучи и боите што самиот Ив ги обожаваше. На ревијата, снимена во мистична пустиња, а насловена како „Посакувам да си тука„ претставени се прекрасни реинтерпретации на смарагдно зелена, црвена и циклама, во судир со буржоаските свилени блузи, со кои духот на YSL се засили до крешендо.
Вакарело во креирањето користи визуелни мотиви од Ив, од времето на шеесеттите и на седумдесеттите – и речиси секој модел е одредена варијација на темата – но тие не се копираат. Тој успеа да стори нешто што е исклучително тешко, а тоа е да ги интерпретира повторно за да бидат свежи и силни – повторно. Зад нив е јасна нишка што ги поврзува, а тоа е всушност идејата. Значи, златниот горен дел денес не е на фустан од муслин, туку peирка од под сакото, шорцевите на Ив се бермуди, а со костум станаа шорц за велосипед.
Жената од Сен Лоран е повторно жена, автентична, самоуверена и силна. Нејзиното главно оружје не се најочигледните секси трикови – иако сексипилот е присутен – таа знае и повеќе. Моќна е. Повикува на ексапизам. Ескапизмот како ментално пренасочување од непријатни или досадни аспекти на секојдневниот ковид живот, преку активности кои вклучуваат имагинација или забава. Ескапизмот што Anthony Vaccarello предлага да се искористи за да се окупира себеси далеку од постојаното чувство на депресија или општа тага. Претставена во бесконечните и меки пејсажи на пустината колекцијата е посветена на слободата на движењето.
Наместо париска писта, медиумот е хипнотички филм на долгогодишната креативна соработничка Натали Кангуилхем, со модели кои шетаат преку брегови во мистичен простор што и самите предлагаме да го погледнете во https://www.ysl.com/en-en/ /M.M.