Хумус
400г наут, 2 лажици таан, 1 мала лажичка сол, 3 лажици маслиново масло, 4 лажици лимонов сок, неколку чешни лук ( по желба).
Наутот се остава да омекне во текот на ноќта. Откако убаво ќе омекне, се вари 30 до 40 минути. Секако, можете да користите и веќе сварен наут.
Во блендер се ставаат сите намирници одеднаш и се пасираат. Доколку не е доволно мазна смесата, постепено додавајте вода (може и од водата во која се варел наутот).