ВестиКултура на живеење

Кога McDonald’s го претвора дизајнот во чувство

Со инсталацијата „Pool: Unlock happy memories“, брендот отвора простор каде што носталгијата не се гледа туку се доживува
Во свет каде што дизајнот најчесто бара дистанца, концепт и тишина, McDonald’s во Milan Design Week реши да направи нешто сосема спротивно – да ве натера да скокнете, да се изгубите во боји и да се сетите на чистата, детска радост.
Наместо класична изложбена поставка, брендот создаде огромен „базен“ со топчиња, инсталација со наслов „Pool: Unlock happy memories“, која повеќе наликува на игралиште отколку на галериски простор. Но зад таа разиграност стои внимателно осмислен концепт: потсетување дека дизајнот не мора секогаш да се гледа – може и да се почувствува.
Инспирацијата доаѓа од визуелниот јазик на Демиен Хрст, чија естетика на повторување, боја и форма тука е преведена во физичко искуство. Куратор на проектот е Никола Баларио, кој го води посетителот низ едно неочекувано патување – од сериозниот свет на дизајнот кон нешто многу попримарно: играта.
Инсталацијата не е случајна ниту по времето ниту по поводот. Таа одбележува 40 години од отворањето на првиот McDonald’s ресторан во Италија, но наместо да раскажува историја со бројки и факти, одбира да го направи тоа преку емоција. Спомените, како што сугерира и самиот наслов, не се архивираат – тие се активираат.
Во контекст на Milan Design Week, каде што често доминираат минимализам, материјали и концептуални пораки, оваа инсталација делува речиси субверзивно. Таа не бара анализа, туку реакција. Не инсистира на значење, туку на доживување.
Можеби токму затоа функционира Затоа што во морето од внимателно курирани објекти и идеи, најсилниот впечаток го остава она што нè потсетува дека некогаш сме знаеле да се радуваме без објаснување./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.