Имлек Оаза Бариста Овес нуди кремаста текстура и лесна подготовка за сите љубители на кафе што не сакаат компромис во вкусот
Кафето останува една од ретките секојдневни навики што тешко се менуваат, дури и во периодот на пости. Но, изборот на состојките што стојат зад него сè почесто се адаптира на новите навики и потреби. Во тој контекст, растителните алтернативи добиваат значајно место, овозможувајќи уживање во омилените напитоци без отстапки во вкусот и квалитетот.
Имлек Оаза Бариста Овес е развиен токму за вакви моменти, како практично решение за подготовка на кафе со растителна основа. Производот лесно се пени, создава мазна и кремаста текстура и се вклопува со кафето без да го наруши неговиот препознатлив карактер. Ова го прави погоден за подготовка на различни кафе-напитоци, вклучително лате, капучино и макијато, задржувајќи ја едноставноста на подготовката што ја бара секојдневната рутина.
Во динамиката на денот, кратките паузи за кафе имаат посебно значење. Тие неколку минути претставуваат момент на одмор и фокус на едноставно задоволство – добро подготвено кафе. Токму во тие мигови се создава таканаречениот „бариста момент“, кој може да се доживее и дома и на работното место, без потреба од сложена подготовка или специјална опрема.
Како едноставен предлог за секојдневна употреба, се издвојува кремастото лате. Подготовката започнува со загревање на Имлек Оаза Бариста Овес, кој потоа се пени до добивање мазна структура. Напитокот се прелива врз свежо подготвено еспресо, а по желба може да се надополни со цимет или ванила, за дополнителна арома.
Со вакви решенија, и во периодот на пости, љубителите на кафе можат да го задржат својот ритуал, уживајќи во познатиот вкус и текстура, без компромис во секојдневното искуство.



















