Модни додатоциТрендови

Во магичната градина на Swarovski со Аријана Гранде

Кампањата „Ariana Grande x Swarovski“ е поставена како „ода на природата“ и ја развива идејата за кристални пеперутки и флорални форми

Светски познатата поп-ѕвезда Аријана Гранде повторно е во центарот на вниманието со најновата кампања за брендот Swarovski, во која овојпат не е само заштитно лице, туку и ко-креатор на колекцијата, во соработка со креативната директорка на куќата, Џована Енгелберт.

Кампањата носи изразена фантазмагoрична естетика, во која Аријана Гранде е претставена како современа, етерична фигура во магична градина, опкружена со кристални пеперутки, водни инсекти и флорални елементи. Визуелниот концепт се потпира на играта на светлина и рефлексија, со што се нагласува препознатливиот идентитет на Swarovski, изграден врз сјајот на кристалите.

Фотографиите за кампањата ги потпишува прочуеното модно дуо Мерт Алас и Маркус Пигот, кои создаваат визуелен наратив во кој гламурот се спојува со фантазијата, а класичната елеганција се трансформира во разиграна, магична сцена.

Новата колекција претставува продолжение на минатогодишната соработка и е значително проширена, со повеќе десетици парчиња накит – обетки, ѓердани и аксесоари за коса. Инспирацијата доаѓа од природата и од светлосни феномени, претставени како колоритни кристали, комбинирани со бисери и деликатни метални форми.

Со оваа кампања, Swarovski прави јасен исчекор кон нов визуелен јазик, во кој поп-културата и високата мода се преплетуваат преку силна, препознатлива личност како Аријана Гранде. Резултатот е кампања што не само што ја промовира новата колекција, туку гради и наратив за трансформација, фантазија и современа женственост, позиционирајќи го брендот поблиску до новата генерација потрошувачи.

На следниот линк е најовата колекција на Swarovski и на Ариана Грнде: https://www.swarovski.com/en-US/c-swa-root/Categories/f/collection/collection-ariana-grande-x-swarovski/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.