Розата како вечна инспирација: Dior ја претстави приказната зад новата колекција Rose Dior Couture
Колекцијата ја слави розата – омилениот цвет на Christian Dior – преку современи креации на накит на Victoire de Castellane со уникатни парчиња изработени од розов кварц.
Rose Dior Couture е колекција со која се продолжува долгогодишната уметничка и емоционална врска меѓу брендот и розата – цветот што за Christian Dior имал особено значење уште од неговото детство во Гранвил, Нормандија. Во семејната бавча со рози, што внимателно ја одгледувала неговата мајка Мадлен, идниот кутурист првпат ја проникнал нежноста, суптилноста и симболиката на овој цвет. Подоцна, на модните ревии, розовите ливчиња го инспирирале да ги создаде прочуените femmes-fleurs – „жени-цветови“. Нијансите на розата ги нарекувал „боите на среќата и на женственоста“.
Токму таа естетика и длабока емотивна врска, како и чувството за природна елеганција се во центарот на новите креации на креативната директорка за накит на куќата, Victoire de Castellane. Таа ја субајмира, интерпретира и повторно ја создава розата како Dior цвет par excellence, создавајќи универзум посветен на многуслојната женственост. Со новата колекција Rose Dior Couture, таа ја заокружува целината која веќе ги опфаќа линиите Bois de Rose, Rose Dior Bagatelle и Rose Dior Pré Catelan.
Така во Rose Dior Pré Catelan, која се истакнува со весел и колоритен стил, се одразува и творештвото на де Кастелан.
Во овие парчиња доминираат кристализирани рози, пчели и листови – мотиви што претставуваат омаж на природата, на градините од Гранвил и на сензибилитетот на самиот Christian Dior. Розите се изработени од внимателно селектиран суров розов кварц, кој го обработуваат најискусните каменоресци, мајстори за поставување скапоцени камења. Секој детал е резултат на прецизна рачна работа, со што се создава динамична игра на нијанси и светлина, која ја претставува современата визија на Victoire de Castellane.
Со Rose Dior Couture, куќата Dior повторно ја слави розата како симбол на нежност, сила, креативност и елеганција – вредности кои повеќе од седум децении ја обликуваат нејзината креативна традиција./М.М.

You may also like

Comments are closed.