From Paris With Love е најнова кампања на модната куќа Karl Lagerfeld
Модната куќа Karl Lagerfeld ја претставува својата нова кампања за есен/зима 2025 под мотото „From Paris With Love“, во која настапува Парис Хилтон. Со својот шарм и неоспорна харизма, таа создава дијалог со париското наследство на брендот и со духот на самиот Карл Лагерфелд.
Во кампањата Парис Хилтон е преставена преку објективот на фотографот Крис Колс, низ црно-бели слики, всушност реминисценција на „Karl Interviews Karl“—идеја која ја слави остроумноста и ексцентричноста на легендарниот дизајнер. Атрактивниот изглед придонесува кон современа интерпретација на модните кодови на куќата, во комбинација со структурирани кроеви и аксесоари.
Извршниот директор Пиер Паоло Риги ја опишува оваа соработка како „дијалог меѓу трајното влијание и постојаната релевантност“ — апсолутно автентичен концепт што ја потврдува силата и еволутивниот дух на Парис во поп-културата.
Самата Парис Хилтон вели: „Го ценев неговиот бунтовнички дух. Да бидам дел од светот на Лагерфелд на начин што слави индивидуалност и игривост, и чувствува дека е верен на тоа што сум—ќе остане еден од моите најубави моменти.“
Со оваа кампања, Karl Lagerfeld го слави спојот на наследството и модерноста, на реинвенцијата и автентичноста – преку интерпретација на Парис Хилтон која ги отсликува вредностите на модната куќа но со свој, особен печат.
Рекламната кампањата ќе се реализира глобално – преку надворешно рекламирање, печатени медиуми, социјални мрежи, дигитални платформи и клучни поп-ап настани – со кулминација на први октомври годинава, за време на Модната недела во Париз (Paris Fashion Week) , во настан планиран да стане незаборавен.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.