
Пред 36 години го носеше Шер, а сега Џенифер Лопез: поп-ѕвездата со провокативен моден избор на турнејата „Up All Night Live 2025“
Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот во Истанбул со моден избор кој сите ги потсети на култниот изглед на легендарната Шер од спотот за песната „If I Could Turn Back Time“ од 1989 година.
Во рамки на својата актуелна турнеја „Up All Night Live 2025“, 56-годишната Џеј Ло повторно докажа дека годините не се пречка за успешен и енергичен настап. Таа на сцената се појави во провокативен боди, со црни детали, кратка црна кожна јакна и фризурата со необичен грејнџ стил.
Интересот на јавноста, освен извонредната изведба, го крена и фактот што Лопез сега е независна уметница. Нејзиниот нов сингл „Birthday“ го објави без поддршка од големи издавачки куќи, по раздвојувањето од BMG и по издавањето на албумот „This Is Me… Now“. Според британскиот „San“, соработката со BMG била ограничена на еден албум, а бидејќи продажбата не ги исполнила очекувањата (албумот достигнал 55. место на британските топ-листи), решено е да заврши партнерството.
Извор од музичката индустрија открива дека, и покрај предизвиците, Џенифер не се откажува и продолжува да работи на нова музика, поминувајќи многу време во студио.