Нова колекција на Chanel комбинира класични елементи со модерен пресврт, проширувајќи ги препознатливите француски твидови со смели аксесоари и прозирни фустани кои зрачат со бохо шарм.
Како и многу други брендови во модата и Chanel влегува во своето бохо време. На ревијата за есен/зима 2025 година, многу од 70-те изгледи беа суштествен Chanel, со препознатливи твидови, панделки, бисерни детали, камелијски украси и аксесоари, како што е класичната Flap чанта, прикажана во мало и големо издание.
Сепак, новата колекција, создадена од тимот на студиото на брендот, во голема мерка ја нагласува и бохо вибрацијата.
Поради сето, колекцијата на Chanel претставува еден вид моден дијалог – меѓу минатото и иднината, традицијата и современоста. Перлите, твидот и лентите – симболите на брендот – беа тука, но интерпретирани со свежина и радикалност. Во духот на бајките кои честопати биле инспирација за модната куќа, оваа колекција беше како модна фантазија во која илузијата и мајсторството одат рака под рака.
Почетните изгледи и еластичноста на прозирниот материјал, силно контрастираа со острите структури на твидот, создавајќи боемски изглед кој истовремено беше лесно препознатлив како Chanel.
Кога се во прашање модни додатоци Chanel експериментираше со големината на своите класични чанти и бисери, донесувајќи на пистата бисери кои моделите ги носес како crossbody чанти, додека некои како да ги поместуваат границите кога станува збор за големината./M.M.

You may also like

Comments are closed.