
Од теренот до модна митологија – Lacoste ги слави своите херои: тие не се создаваат – тие се откриваат низ стил, истрајност и визија.
Францускиот моден бренд Lacoste започна нова глобална кампања со наслов Play With Icons( Играј со икони ), во која ја слави безвременската елеганција на своите препознатливи парчиња и иконите кои ги носат – од модни и филмски, до спортски великани. Меѓу нив се и тениските легенди Новак Ѓоковиќ и Венус Вилијамс.
Во центарот на вниманието на оваа визуелно импресивна кампања се амбасадорите на брендот кои, преку фантастични сцени и симболика, ги претставуваат клучните вредности на Lacoste: стил, иновација и културно влијание.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BETC Paris, со фотографиите на Тајлер Мичел, музиката на Емил Сорнин, сценографијата на Попи Бартлет и стајлингот на Имру Аша.
Новак Ѓоковиќ, 24-кратен гренд слем шампион, е прикажан како „Крал на теренот“, облечен во беспрекорна бела комбинација, со златна тениска мрежа што се издигнува како наметка зад него – како симболичен триумф и модна изјава. Lacoste го опишува овој момент како чест на неговиот „неоспорен статус на најголем на сите времиња (GOAT)“, истовремено потврдувајќи го значењето на поло маицата во пантеоните на спортско-модните икони.
Венус Вилијамс, пак, е прикажана како божица на тенисот – издигната од скулптурална форма во плисирана креација, со бисерно тениско топче во рака. Таа ја отелотворува „живата легенда што повторно ја дефинира грациозноста, моќта и иновативноста“, како што наведува брендот.
Покрај Ѓоковиќ и Вилијамс, во кампањата се појавуваат и актерите Пјер Нини, Ванг Јибо и Адел Егзархопулос.
Секој од нив носи модно парче на Lacoste – поло маица, здолниште или новата Lenglen торба – претставувајќи го со личен печат, стил и доза разиграна софистицираност.
„Play With Icons“ на Lacoste уште еднаш потврдува зошто е пионер на пресекот меѓу спортот и модата./М.М.