ВестиКултура на живеење

„Кадар-на“: Повик за женска визија во филмот

ИФФК „Браќа Манаки“ со меѓународна иницијатива за родова рамноправност и поддршка на млади филмски уметнички

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ објавува повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her Frame) – меѓународна програма чија цел е да ја зголеми присутноста на жените во филмската индустрија. Преку овој проект, фестивалот активно се вклучува во поддршката на иницијативи за надминување на родовата нерамноправност во аудиовизуелниот сектор.

„Кадар-на“ е дел од поширокиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, а го спроведува Британскиот совет. Целта е преку културна соработка и развој на креативните индустрии да се поттикне дијалог и социо-економски развој во регионот.

Проектот се реализира во партнерство меѓу Филмскиот фестивал во Нови Сад и фестивалот „Браќа Манаки“ од Битола. Насочен е кон нови и млади жени уметници и филмски професионалки кои сакаат да ги развијат своите знаења и вештини со поддршка од реномирани експерти од филмската индустрија.

Програмата вклучува пет онлајн работилници со експертки од светот на филмот, три мастер-класови, менторска поддршка, конференции во Нови Сад и Битола, како и можност за претставување пред поширока публика.

Повикот е отворен до 9 јуни 2025 година, а резултатите ќе бидат објавени на 16 јуни. Пријавувањето се врши преку пополнување на формуларот на следниот \[линк за пријавување] .

За дополнителни информации, заинтересираните може да се обратат на е-поштата: [marketing@nsff.rs](mailto:marketing@nsff.rs).

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.