Туфахии (полнети јаболка)
Потребни состојки:
– 6 јаболка, излупени, и извадена средина, семките,
– 7-8 каранфилчиња,
-150 гр. мелени ореви,
– голема лажица путер,
-150 мл. млеко.
-600 гр. шеќер.
Подготовка:
Првин се подготвува филот. Ставаме 300 гр. шеќер во тенџере, на средна температура, за да карамелизира. На карамелот му додадаваме една голема лажица путер и 150 мл. топло млеко. Потоа се додаваат мелените ореви да повријат 5 минути, го тргаме филот од оган и го оставаме да се олади.
Во тава подготвуваме шербет: 400 гр. шеќер, 800 мл. вода и каранфилчињата да зовријат.
Во шербетот се варат излупените и исчистени јаболка 6-7 минути да вријат од едната, па потоа од другата страна уште 6-7 минути. Се вадат со цедалка и ги оставаме да се оладат. Во средината јаболката се полнат со оладениот фил, а најгоре се декорира со матен шам од белки и шеќер.
НАЗДРАВЈЕ