
Саем за авантура и патувања во Скопје Сити Мол
Овој викенд, од 25 до 27 април, просторот пред Скопје Сити Мол ќе пулсира со духот на истражувањето, природата и адреналинот! Под отворено небо, се одржува Outdoor & Travel Fair – настан посветен на сите вљубеници во патувањата, екстремните спортови и животот под отворено небо.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни активности, презентации од клубови и здруженија, како и во промоции на најновата опрема и услуги за секоја авантура – било на планина, вода или во воздух.
Особено внимание ќе привлече и продажбата на половна опрема, каде што секој љубител на outdoor животот ќе може да најде или понуди: велосипеди, спортска опрема, скии, даски, облека за планинарење, камперска опрема и многу повеќе.
Сезоната на авантури со инспирација и нова енергија може да започне со Outdoor & Travel Fair.