Јубилејното, 30-то издание на Fashion Weekend Skopje ќе се одржува од четврти до шести април годинава, во Diamond Residence А Class office, инаку дел од проектот Diamond of Skopje.
Организаторите посочуваат дека оваа сезона, под слоганот „Community Outfits“, се слави модата како уметност, културен израз и како двигател на позитивни промени. Fashion Weekend Skopje отсекогаш бил повеќе од модна писта – тоа е сцена каде што индивидуалноста се слави, а заедницата ја дефинира иднината на модата.
Најавени се ексклузивни модни ревии – колекции од врвни македонски и меѓународни дизајнери, дискусии за иднината на модата, етичката потрошувачка и социјалниот аспект на индустријата, како и специјални тематски настани и инспиративни средби што ја поврзуваат модата со уметноста и одржливоста.
Генерален партнер на јубилејното издание е УНИБанка.

 

You may also like

Comments are closed.