
OBSIDIAN SS25 е колекција која го истражува процесот на трансформација и промена. Иако првичната мисла за промени носи страв од новото и непознатото, како и ризикот и предизвиците кои доаѓаат со нив, отпорноста, упорноста и силата е тоа што не води кон целта.
Според соопштението од брендот, настанувањето на опсидијанот, преку вулканската ерупција и брзото ладење на лавата е еден природен феномен кој метафорично ја отсликува приказната на оваа колекција.
Како што опсидијанот се формира во остри рабови, така и оваа колекција вклучува структуирани геометриски дизајни со аголни пресеци и смели органски форми, носејќи острина, темнина и мистериозна убавина.
Длабоката црна боја и рефлектирачката површина на опсидијанот, јасно се прикажани преку употребата на внимателно селектираните материјали.
Покрај црната, палетата на бои во оваа колекција ги вклучува и огнено црвената, бордо и виолетова боја, претставувајќи ги оганот и лавата, односно упорноста и силата што ја носиме во самите себе со чија помош се издигнуваме над стравот и препреките.
OBSIDIAN SS25 на ZANOV соддржи 15 изгледи кои се надополнети со рачно изработени чанти и накит.
Photo & video : @darko_ar
Model : @sof1jasim
Model agency : @modelsinmgmt
Hair : @mitovskaandrijana @studiosashions
MakeUp : @ana.atanasia
Special thanks : @bajovskidamjan