Нашиот неповторлив топ модел Елена Реи, која веќе подолго време престојува во Азија, неодамна изработи кампања за накит на познатиот бренд Фелин, од Сингапур . Оваа уникатна колекција, која вклучува различни модни додатоци, е наменета за претстојната модна сезона.
Со нејзината кариера, која трае повеќе од петнасет години, Реи ќе биде запаметена како една од ретките македонки кои интернационално постигнале неверојатни успеси. Оваа наша убавица, која поседува моќна трансформација, вистински пример е за врвен професионален модел, велат од Моделс ИН Менаџмент.
После Токио и Сингапур, Елена Реи патува за Шангај, кадешто ќе работи рекламна кампања за нова колекција на светски познат дизајнер . Ние, како нејзина матична агенција, остануваме нејзина вечна подршка, бидејќи не претставува низ светот во вистинско модно светло, велат од Моделс ИН Менаџмент.
More in:Модели
Татјана Јанушева во едиторијал за L’ OFFICIЕL
Најновиот голем успех на нашиот модел Татјана Јанушева Тати е едиторијалот за модното списание L’ ...
Татјана – Тати Јанушева во кампањата на Bershka
Во новата кампања на популарниот бренд за облека Bershka, едно од заштитните лица е и ...
Ивана Караџова – мистериозна дама во новата кампања на Honor
Мобилниот гигант Honor, сестринска фирма на Huawei, ја ангажира нашата Ивана Караџова да биде мистериозна ...
Горјана Кулишевска – Џоја заштитно лице на МОНА
Нашиот интернационален модел Горјана Кулишевска, или Џоја, како што милуваат да ја ословуваат во светските ...