Вестите за потенцијалното купување на Versace од страна на Prada Group деновите предизвикаа бројни коментари, но и скептицизам кај финансиските аналитичари. Извештаите од италијанскиот Il Sole 24 Ore сугерираат дека Prada можеби гледа на Versace како дел од своето стратешко проширување. Сепак, аналитичарите од Equita изразија сомнежи, наведувајќи дека превземањето на Versace ќе бара значително преструктуирање и дека сегашниот фокус на Prada е на органски раст. Аналитичарот на Equita, Paola Carboni, нагласува дека раководството на Prada е повеќе заинтересирано за натамошен развој на постоечките брендови, Prada и Miu Miu, наместо кон нови аквизиции.
Аналитичарите од Intesa Sanpaolo и Bernstein ги истакнаа предизвиците на Prada поврзани со евентуалното превземање на Versace, вклучително и состојбите поврзани со трендот на забавување на кинескиот пазар, маките на Prada со претходните аквизиции, како и падот од 0.4% на 60.25 на вредноста на акциите на Prada, на берзата во Хон Конг. Кон ова треба да се додаде и изјавата на Andrea Guerra, извршниот директор на Prada за стратегијата за раст фокусирана на малопродажба и на проширување на портфолиото, а не на големи аквизиции.
Сето е последица на веста дека Capri Holdings, сопственик на Versace, можеби сака да го продаде брендот. За John Idol, извршниот директор на Versace, најбитно е закрепнување на брендот, сооглед на падот на приходите и на долговите. Во меѓувреме и Donatella Versace, креативениот директор на брендот, во февруари треба да го обнови својот договор за работа. Како потсетување, нејзиното лидерство беше клучно во ревитализацијата на Versace по смртта на нејзиниот брат, Gianni Versace, во 1997 година. Сепак, со прашањето за нејзиниот договор, се зголемуваат и прашањата за тоа дали таа ќе остане со брендот, особено доколку Capri Holdings дефинитивно се решат за продажба.
Останува нејасно како Donatella би реагирала на можната продажба или, на можни промени на идниот сопственик. Нејзината длабока поврзаност со Versace, може да влијае врз нејзината одлука, бидејќи отсекогаш била заштитничка на наследството на Versace. Сепак, изгледите за нова насока, или партнерство, колку што би можеле да значат можност за дополнително зајакнување на брендот, толку би можеле да означат и крај на една ера на Versace./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.