Иако ангажирана со својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во матичната Македонската опера и балет, Сара Мејс го прифати и предизвикот на Македонското библиско здружение, по повод 30 години од нивното постоење, за овековечување на „Псалм 150“, преку нејзина музичка замисла.
Голема е честа за прифаќање на предизвик, кој се преточи во мелодија од замислениот звук на музичкиот инструмент на Царот Давид, познат како Давидова харфа, вели Сара Мејс. Од срце се заблагодарувам на поканата на Македонското библиско друштво за креирање на оригинално македонско музичко дело, за Псалм 150, и за оживување на библиските записи со звуците на харфата. Оваа песна е со благослов од Македонската Православна Црква, Македонското Библиско Здружение и монашкото братство од манастирот Св. Пантелејмон, каде и е снимен видео записот. Музичката креација е изворно македонска, а мојата изведба во живо премиерно се оддржа во октомври 2024-та за време на промоцијата на псалтирот, преведен на современ македонски јазик (Псалтир – Книгата Псалми), во издание на Здружението. Убавината на македонската музика и на христијанските православни вредности ми беа мотивација, истакнува Сара Мејс, а воедно и поттик да го замислам звукот на инструментот на библискиот цар Давид и да ја претворам во реалност, како подарок за македонскиот народ пред божиќните празници.


„Псалм 150“ е снимена во студиото The Basement, музиката е на Сара Мејс, видео записот е на режисерот Ѓорги Трпески. Видео записот за „Псалм 150“ на Сара Мејс може да го погледнете на следниот линк:

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.