Млекара АД Битола е добитник на престижниот Орден за мир за 2024 година од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, како придонес на компанијата за поттикнување на хумано општество и поддршка на развојот на децата. Ова признание ја истакнува посветеноста на компанијата, со фокус на благосостојба на заедницата и развој на младите, како придонес надвор од основните деловни операции.
Наградата е доделена на седми јануари 2025 година, на традиционалниот Божиќен ручек во Прилеп, организиран од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, на која беа истакнати организациите и поединците кои активно придонесуваат за подобро општество. Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк, ја прими наградата во име на компанијата, истакнувајќи ја нејзината посветеност на вредностите на заедницата.
„Ова признание е одраз на принципите на Бимилк и заложбите за создавање подобро општество за идните генерации. Како компанија, не сме фокусирани само на испорака на квалитетни производи, туку и на поддршка на заедницата од која сме дел и во која вложуваме на секој можен начин за да ја подобриме. Децата, нивната среќа и здраво детство се мотивот и поттикот за сите наши напори бидејќи тие претставуваат основа за подобро утре. Добивањето на Орденот за мир нѐ инспирира да продолжиме уште поинтензивно да придонесуваме за нивниот раст и развој и служи како доказ за овие напори, признавајќи ја улогата на компанијата во промовирањето на вредности кои го надминуваат економскиот успех“, истакна Петрушев во своето пригодно обраќање.
„Околу 400 деца од повеќе делови на земјава по 19-ти пат денеска традиционално седнаа на заеднички Божиќен ручек во Прилеп. Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество, бидејќи децата се нашата иднина“, изјави Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината организација.
Бимилк е препознатливa по своите социјални иницијативи, кои вклучуваат кампањи и активности насочени кон подобрување на образовните можности, поддршка на децата во социјален ризик и поттикнување на развојот на заедницата.
More in:Вести
Ново од Сара Мејс – овековечување на „Псалм 150“
Иако ангажирана со својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во матичната Македонската опера ...
Една актерка, многу ликови – Carey Mulligan во кампањата на Pradа
Kампањата на Prada за пролет/лето 2025 година со актерката Carey Mulligan, ги истражува темите на ...
H&M ја лансира The Wellness Edit омни колекцијата
H&M MOVE, заедно со H&M Beauty и H&M HOME, ја претставува The Wellness Edit, создадена ...
WHP Global го доби брендот Vera Wang
Vera Wang, име синоним за модерноста, уметноста и за беспрекорен стил, влегува во нова ера: ...