Kампањата на Prada за пролет/лето 2025 година со актерката Carey Mulligan, ги истражува темите на плуралноста и на идентитетот. Ја претставува Mulligan, во серија впечатливи портрети, сликани од реномираниот фотограф Steven Meisel, од кои секој одразува различен аспект на нејзиниот лик. Сликите ја истакнуваат разновидната и повеќеслојна природа и на актерката и на брендот Prada, нагласувајќи ја сложеноста на идентитетот, овој пат преку модата.

Mulligan, позната по своите моќни изведби во филмовите En Education, Promising Young Woman и Maestro, се гледа во бројни различни изгледи и на себе и на моделите на Prada- од цветни фустани до скроени ансамбли со trompe l’oeil детали. Насловот на кампањата, „Carey Mulligan се однесува како Prada“, ја повторува мантрата на брендот од 2021 година: „Се чувствувам како Прада“ , зајакнувајќи ја идејата дека модата е алатка за трансформација и за самоизразување.
Miuccia Prada, заедно со ко-креативниот директор Raf Simons, рече дека кампањата има за цел да ги прикаже „многуте начини да се биде Prada“, нагласувајќи го прифаќањето на индивидуалноста на брендот и на нејзиниот постојано развивачки пристап кон стилот. Сликите не само што ги доловуваат трансформациите на Mulligan, туку и ја рефлектираат непредвидливоста и коегзистенцијата на контрадикторни елементи, пресликувајќи ја сложеноста на денешниот свет./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.