Светот на убавината, како што наближува постуденото време, е подготвен со нови парфеми да го разубави есенското расположение. Нов мирис кој може да стане омилен и да биде одличен начин за почеток на есента е секако една од работите што ќе придонесе за подобро расположение.
Меѓу новите парфеми кои со своите топли композиции можат да се опишат само како совршени за оваа есен е унисекс мирисот на Christian Louboutin – Loubidoo Rose Encens.
Loubidoo Rose Encens на Christian Louboutin е совршен мирис за премин од лето во есен, со посакувана мирисна топлина. Парфемот се отвора со зачаден, густ темјан, откривајќи го срцето на мирисот – сензуалната роза Centifolia. Кремастото австралиско сандалово дрво ја закотвува композицијата и создава извонредно олфакторно искуство.
Loubidoo Rose Encens од Christian Louboutin е цветен Woody Musk парфем за жени и мажи, создаден од Daphney Bugey./М.М.
More in:Убавина вести
Karl Lagerfeld Ikonik: Парфеми со печат на легендата
KARL IKONIK pour femme, светла, дрвенеста килибарно-цветна композиција и KARL IKONIK pour homme, смел килибарeн ...
Јулијана Ѓорѓиевска Miss Europe на изборот на Queen of Eurasia 2024
На изборот за Кралица на Евроазија 2024 (Queen of Eurasia 2024), што се одржа во ...
ЈА ЈК – нов парфем на Јелена Карлеуша
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша во белградскиот трговски центар го претстави новиот парфем ЈА ЈК, ...
Полноќниот мирис на Victoria’s Secret
Candice Swanepoel и Paloma Elsseser го претставија новиот Bombshell Midnight мирис на Victoria’s Secret. Victoria’s ...