Во пресрет на новогодишните празници, од 15 до 31 декември, ќе биде одржан досега најголемиот Новогодишен базар на првиот кат во Skopje City Mall, со учество на 68 индивидуалци – ракотворци.
Посетителите, ќе имаат можат да ја почувствуваат предновогодишната магија и да уживаат во модерни брендови, кои нудат уникатни производи: новогодишни сувенири изработени од фин бетон, персонализирани лампиони, детски новогодишен декор, меки текстилни кукли за елка, накит изработен од текстил, уникатни филигрански дизајни, новогодишни украси од глина и епоксидна смола, новогодишни беџови, честитки, новогодишни пакетчиња за Secret Santa, додатоци за книги, рачно нацртани новогодишни честитки во акварел техника, иновативни креации од кожни аксесоари, чанти, шапки, веганска козметика, шарени керамички производи, еколошки восочни обвивки, колачиња во духот на претстојните празници, рачни везови, облеки за миленици, рачно изработени сапуни од природни масла и путери, свеќи и производи од соја и чист восок, рачно изработени волнени ракавици и шалови, рачни изработки од бегалците и барателите на азил во нашата земја, вклучувајќи честитки, накит, слики, шолји за чај, платнени торби и привезоци, украси во мандала уметнички стил и инсталации и аранжмани со воздушни билки.
Во првата група артизани, од 15 до 20 декември, ќе се претстават современите занаетчии: Ателје Израз, Small piece of joy, tilia.organica, Unique Corner, KP Crafts, Работилница Булка, Девојчето со книгите, MarkovskiART, Beton Pots, Julia Barbun, NallaThePittie Shop, Love Corner, StitchMe Embroidery, BAMBUS, Катарина Дода, V.P_HANDMADE, ТИНОСКИ, Ателје Сиена, Art Studio Pleni, Studio23, CAROLINE HANDMADE и Надеж далеку од дома #WithRefugees.
Во втората група ракотворци, од 21 до 25 декември, ќе настапат: DIOSA Macrame, Mh CandleCo, GAIA, ЕСоапери – природна козметика, 5 до 12, ByMimi Cosmetics, StarDust Jewelry, Атеље за рачни изработки Craft Time, Мое Катче, Витрум Студио, AZSU ACCESSORIES, ARTNOK, Cariño handmade gifts and accessories, Marcy’s handmade, Stardust Kejt Rakotvorbi, Julie Decoupage, Френкли, Станка Димитрова, Весна Зафировска, Карло Хорват, Red и Студио Кристина.
Во третата група занаетчии, од 26 до 30 декември, зад новогодишните штандови ќе бидат: Crochet by Fosi, Ваша мала башта, Glow Natural, Epoxy handmade by clay, Елена Ристовска, МАТРЈОШКА, Pinkocrafts, M&M Luxury Soap Bouquet, Monkdolls, Filigree LARGO, ZenZeal, Pika.Jesmonite, Solar creations, Марта Пејоска, Пекара Ваташа, BLOOM, ДОБРО МИ СТОИ, Balkocrafts, DALA HANDMADE, Шарено ќоше, Лумен, Еко восочни обвивки, Ignea cosmetics и Mandala Magic.
Новогодишниот базар ќе биде отворен и на 31 декември, до попладневните часови./М.М.
More in:Вести
„Зимска бајка“ – новогодишен спектакл за деца на 22 декември
Во пресрет на новогодишните и на божиќните празници, во недела, 22 декември, со почеток во ...
За Pamela Anderson без шминка и – за храброста…
На 34-то доделување на годишните Gotham филмски награди во Њујорк присуствуваше и американската актерка Pamela ...
На 13-ти и 14-ти декември – Винодонија 2024
На 13-ти и 14-ти декември, во хотелот „Мериот“, во Скопје , ќе биде одржано осмото ...
Pantone ja одбра ‘Mocha Mousse’ за боја на 2025 година
Pantone издаде соопштение за изборот на „Мока мус“ (Mocha Mousse – Pantone 17-1230) за боја ...